Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска за руската државна агенција ТАСС изјави дека не размислувал за оставка и дека нема да ја напушти Република Српска.
„Никогаш нема да поднесам оставка под притисок. Ќе ја напуштам политичката сцена само кога граѓаните на Република Српска ќе одлучат дека е време да си одам“, изјави Додик, пренесуваат сараевските медиуми.
Тој додаде дека „сигурно нема да ја напушти РС“, бидејќи, како што рече, „има сè – неговото семејство и неговите најблиски“.
„Таму се чувствувам добро“, истакна Додик, додавајќи дека е посветен „да се залага за Република Српска и да се бори за секој нејзин агол“.
Тој рече дека властите на РС „не се милитаристи, ниту се бунтовничка група и нема од што да се плашат“.
„Законот е на наша страна и се врши очигледна и широко распространета злоупотреба од политичарите во Сараево, особено оние босански муслимани кои се посветени на политичкиот ислам, кој тие го промовираат на овие простори веќе три децении“, рече Додик.
За Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, по налог на Судот на Босна и Херцеговина е издадена внатрешна потерница, бидејќи тие се под истрага за напад на уставниот поредок на Босна и Херцеговина.
На 26 февруари, Додик во прв степен беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција за кривичното дело неисполнување на одлуката на високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Заканите на Додик за отцепување на…
Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска…
Лавров: Она што се прави кон Додик…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Дојави за бомби во училишта во Република…
Е-пошта за бомбашки напади се примени рано…
Тензиите во БиХ продолжуваат: „Цела Америка против…
Република Српска и следната година ќе продолжи…
(Галерија) Што може „Лазар 3“: Српската пешадија…
Во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“…