Додик: Не се откажувам од воен сојуз со Србија и Унгарија
Претседател на Република Српска – Милорад Додик изјави дека Република Српска не отстапува од новиот Устав, ниту од тоа да биде дел од воениот сојуз на Србија и Унгарија и дека за тоа ќе биде испратено писмо во следните неколку дена.
„Во тој воен сојуз го гледаме и прашањето за внатрешна безбедност. Имаме ресурси и во тој поглед можеме да соработуваме и да имаме заеднички вежби со полицијата на Унгарија и Србија“, изјави Додик за „Вечерње новости“.
Додик вели дека опозицијата во Српска не учествува во донесувањето на новиот устав бидејќи „го слуша Сараево и потсети дека Република Српска има право на војска и гранична полиција според Дејтон и Уставот“.
„Не бараме ништо ново, важно е да се одржи референдум пред донесување на Уставот и тоа ќе биде разгледано“, рече Додик.
Би можело да ве интересира
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…