Додик откри детали од телефонскиот разговор со Вучиќ, претседателот на Србија му открил детали за здравствената состојба
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес телефонски разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ, на кого му посака брзо закрепнување, истакнувајќи дека Србија има потреба од здрав и способен лидер повеќе од кога било. Додик на социјалната мрежа X напиша дека Вучиќ го информирал дека се чувствува подобро и дека неговото здравје е стабилно.
Тој нагласи дека стабилна и силна Србија е во интерес на целиот српски народ, а претседателот Вучиќ претставува гарант за нејзиниот успех.
„Стабилна и силна Србија е во интерес на целиот српски народ, а претседателот Вучиќ е гарант за нејзиниот успех. Му посакав брзо закрепнување, бидејќи Србија денес има потреба од него, да биде здрав и со полн капацитет, повеќе од кога било“, напиша Додик.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ненадејно се разболе во петокот попладне додека престојуваше во Соединетите Американски Држави, поради што ја скрати својата посета и се врати во Србија. По враќањето, по прегледот во Военомедицинската академија, неговиот лекар, д-р Драган Динчиќ, изјави дека здравствената состојба на Вучиќ е стабилна и задоволителна.
Според лекарот, Вучиќ има проблеми со крвниот притисок и, иако во последните десет години имал проблеми со висок крвен притисок, оваа ситуација е најтешка од сите претходни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…