Додик: Поддршка за Израел и Нетанјаху
Претседателот на партијата СНСД и екс претседател на Република Српска нагласи дека Република Српска е на страната на Израел, наведувајќи ги заедничките историски врски и безбедносните предизвици.
Додик, изјави дека Република Српска му дава целосна поддршка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во тековната воена акција против Иран, нагласувајќи дека Српска стои покрај своите, како што изјави, пријатели и сојузници од Израел.
– Израел и ние ја споделуваме егзистенцијалната закана што ни ја претставува радикалниот ислам и политиките што произлегоа од него. Затоа денес му давам целосна поддршка на премиерот Бенјамин Нетанјаху – изјави Додик.
Тој потсети на она што го нарекува долгогодишно влијание на Иран врз ситуацијата во Босна и Херцеговина, наведувајќи дека за време на војната во 1990-тите, постоеле врски меѓу Техеран и тогашното политичко раководство во Сараево, вклучително и поддршката што Иран му ја дал на Алија Изетбеговиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додик: Поддршка за Израел и Нетанјаху
Претседателот на партијата СНСД и екс претседател…
(Видео) Масовни протести во Солун, Атина и…
Грчките граѓани денеска на тригодишната од железничката…
(Видео) Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната…
Израелската армија започна нови напади врз Техеран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале…
ВМРО-ДПМНЕ контра Филипче: Ако Македонија е како…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната изјава на лидерот…