ДОДИК СЕ ЗАКАНИ СО ПРОГЛАСУВАЊЕ НЕЗАВИСНОСТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА!
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска најави дека Српска ќе прогласи независност, доколку високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, го наметне спорниот закон за имот.
Ќе одиме во Народното собрание на Република Српска и ќе донесеме одлука за независноста на Република Српска“, изјави Додик во Прњавор.
Тој одговори на новинарско прашање да ги коментира информациите дека Шмит подготвува закон за имот и како ќе реагира Република Српска во случај да се наметне таков закон, рече Срна.
Додик претходно изјави дека смета оти прашањето за имотот е решено со Дејтонскиот договор и дека недвижен имот им припаѓа на субјектите, а не на државата БиХ и ја отфрли можноста парламентот на БиХ да донесе закон за државна сопственост, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Заканите на Додик за отцепување на…
Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска…
Лавров: Она што се прави кон Додик…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Дојави за бомби во училишта во Република…
Е-пошта за бомбашки напади се примени рано…
Тензиите во БиХ продолжуваат: „Цела Америка против…
Република Српска и следната година ќе продолжи…
(Галерија) Што може „Лазар 3“: Српската пешадија…
Во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“…