Додик упорен за дисолуцијата на БиХ: Не е точно дека нема правна основа за разединување на Босна и Херцеговина
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека не е точно дека нема правна рамка за разединување на БиХ и посочи дека правната основа постои бидејќи Република Српска и Федерацијата БиХ се потписници на анексот на Дејтонскиот Мировен договор.
Додик, реагирајќи на вчерашното соопштение на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, во кое се наведува дека „нема никаква правна, фактичка или рационална основа за повици за „мирен распад“ на Босна и Херцеговина“, напиша на мрежата Х дека Делегацијата на ЕУ треба да престане да изнесува, како што наведе, „лажни тврдења“.
„Никој не очекуваше Делегацијата на Европската Унија да даде изјава, но кога го направи тоа, требаше да објаснат дали тоа што го направија муслиманите е во согласност со Уставот на Босна и Херцеговина и зошто нивниот амбасадор, кршејќи го Уставот, гласаше за резолуција и без договорен став на Претседателството на БиХ. А што е тоа освен грубо кршење на Уставот на БиХ“, напиша Додик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ГОКК ќе се сретне со родителите…
Секој кој има докази за делот од…
„Ние сме мала држава, но се однесуваме…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави…
Нетанјаху станува сè посилен по конфликтот со…
Владејачката партија Ликуд во Израел бележи зголемување…
Каменичанец изградил поткровје без соодветна дозвола, па…
Жител на Македонска Каменица доби кривична пријава…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…