Додик утре ќе предложи осамостојување на Република Српска!
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека на утрешната средба со претставниците на партиите од Република Српска ќе понуди нов документ чија цел е осамостојување на Република Српска во рамките на Босна и Херцеговина.
-„Моја должност како претседател беше да одговорам на изјавата за имотот потпишана од сите бошњачки партии во ФБиХ, и владата и опозицијата“, рече Додик.
Тој рече дека ќе предложи да се отфрлат сите досегашни акти кои не се предвидени со Уставот.
„И тоа без разлика како се донесени – дали со насилство на висок претставник, а особено на судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. А што да очекуваме таму освен секогаш удари за Србија“, рече Додик.
Тој посочи дека Уставниот суд на Босна и Херцеговина не е релевантен.
„Тоа е суд на една партија и во таа насока ќе разговараме со партнери од другите политички партии“, рече Додик, пренесува РТРС.
Додик, во согласност со уставните овластувања, за утре во 14 часот свика консултативна средба со претставници на сите парламентарни политички партии од Република Српска, по повод заземање став за имотот на Република Српска во врска со изјавата за имотот потпишана од бошњачки политички претставници од Сараево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…
Трагедија во Јабланица: Брачна двојка загуби осум…
Заменик-министерката за човекови права и бегалци на…