Додик: Ќе се обидам да го убедам Путин да гo поддржи стремежот кон одржување референдум за независност на Република Српска
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека ќе се обиде да го убеди рускиот претседател Владимир Путин да ги поддржи аспирациите за референдум за независност на Република Српска.
„За ова е дискутирано и претходно, но Путин отсекогаш го поддржувал Дејтонскиот договор и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина. Исто беше и последниот пат кога разговаравме, но многу работи се променија од тогаш. Ќе се обидам да го убедам да ја поддржи нашата позиција. Не знам дали ќе успеам, но дефинитивно ќе зборувам за тоа“, рече Додик.
Претседателот на Република Српска нагласи дека референдумот е легитимна можност народот да го изрази своето мислење за важни прашања. „Тоа е цивилизациско достигнување кое му припаѓа и на српскиот народ“, рече Додик во интервју за руската служба на Би-Би-Си.
На прашањето што ако федералната влада и Кристијан Шмит не ги прифатат резултатите од референдумот во Република Српска, кој е закажан за 25 октомври, Додик одговори дека тоа би значело дека не им е грижа за ставот и волјата на народот што се обидуваат да го владеат тука.
„Ова ќе биде основа за нас да создадеме некои нови политички агенди и процеси во кои ќе се бориме за афирмација на ставот на народот. Веројатно во блиска иднина ќе го прашаме народот дали сака да живее во Босна и Херцеговина каде што неговата волја нема да биде прифатена“, рече Додик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додик: Ќе се обидам да го убедам…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…
Путин и Си Џинпинг разговарале за најновите…
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со кинескиот…
МВР до скопјани: Бројот 192 не е…
МВР излезе со соопштение за јавноста дека…
Грета Тунберг ќе плови кон Газа со…
Флотилата што тргнува денеска од Барселона ќе…
Пожар во Вардариште – Аеродром и делови…
Целата општина Аеродром и делови од Ново…