Доживотна казна затвор му се заканува на приведениот шеф на железничката станицa
„Безбедноста на железницата е најважна“, напиша Фон дер Лајен на Твитер по разговорот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Тие разговараа за „понатамошна техничка поддршка што ЕУ може да ѝ ја обезбеди на Грција за да ги модернизира нејзините железници и да ја подобри безбедноста на железничкиот сообраќај“, напиша таа. Поради несреќата, во Грција е приведен шефот на станицата во градот Лариса, а железничарите продолжуваат со штрајкот и протестите.
Адвокатот на приведениот шеф на станицата денеска изјави дека неговиот клиент во неделата бил испрашуван од истражителите повеќе од седум часа. Доколку биде прогласен за виновен за убиство од небрежност, може да добие казна од најмалку десет години затвор, но и доживотен затвор.
Тоа е најтешката железничка несреќа во историјата на Грција. Грчките железничари денеска стапија во штрајк шести ден по ред, изразувајќи незадоволство од безбедноста на железничката мрежа во земјата. Синдикатите тврдат дека безбедносните стандарди се ослабени со текот на годините и дека на железничкиот систем му е очајно потребно итно реновирање и јавни инвестиции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
Четири автомобили се судрија на раскрсницата кај…
Четири возила утрово се судрија кај Железничката…
Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…
Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…
ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ПЕКОЛ – осомничените ги…
Таткото и останатите осомничени за киднапирањето и…
Во Битола приведена скопјанка барана со шест…
Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници…