Докиќ открива зошто кашламе без пpecтан: Антителата за омикpoн спречуваат и делта
Пациентите коишто ќе го прележат омикрон сојот на коронавирусот создаваат антитела што ги штитат од делта сојот, но оние пациенти што прележале делта сој, не се целосно заштитени од омикрон сојот, вели д-р Дејан Докиќ од Клиниката за пулмологија во разговор за Канал 5.
Тој објаснува дека најчестите симптоми на инфекција со омикрон сојот на коронавирусот се променет вкус, сува кашлица, главоболка и губење на енергијата.
– Кашлицата се должи најверојатно на оштетувања на епителот на горните дишни патишта, при што сензорните нервни влакна остануваат соголени и подложни на разни надворешни фактори. Значи, омикрон сојот не ги напаѓа белите дробови, туку само горните респираторни патишта и има полесна клиничка слика, но она што е важно е граѓаните сами да не се лекуваат и да не пијат антибиотици на своја рака. Коронавирусот ќе остане да живее меѓу нас, но засега сојот омикрон би требало да биде полесен и да го надвладее делта сојот, кој дава потешка клиничка слика кај пациентите. Лицата коишто ќе прележат омикрон создаваат антитела кои ги штитат од делта сојот, меѓутоа лицата коишто претходно прележале делта сој, не се целосно заштитени, туку само делумно против омикрон – објаснува д-р Докиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 25 случаи на голема кашлица, хоспитализирани…
За една недела, односно од 26 јули…
Ќе се забрани прием на невакцинирани деца?…
Од Комисијата за заразни болести за в…
Се шири големата кашлица – годинава потврдени…
Се шири заразната голема кашлица. Според податопците…
XBB.1.5: Што се треба да знаете за…
Додека повеќето од нас повеќе би сакале…
ЕУ препорачува вакцинација против Омикрон за ризичните…
Здравствените власти на Европска Унија препорачаа вакцината против Омикрон…