Објавено на:

Доколку Ѓукановиќ биде уапсен, одговорот ќе биде радикален, се заканија од неговата партија

t

Доколку дојде до апсење на Мило Ѓукановиќ, одговорот ќе биде радикален, изјави претседателот на Демократската партија на социјалистите, Данијел Живковиќ, коментирајќи ги најавите за апсење на поранешниот претседател на Црна Гора и поранешен лидер на ДПС.

Живковиќ  потсети  дека не е прв пат неговите  политички непријатели  да најавуваат апсење на Ѓукановиќ.

Ново е што тие што го кажаа тоа беа опозиција, а сега се во владините структури, рече тој.

„Ако има таква и таква намера и ако некој мисли дека преку политичко влијание или инструментализација на судството ќе започне и ќе ја продолжи спиралата на реваншизам или дека преку наведената намера евентуално ќе се впушти во таква намера, тогаш не имаат дилема дека одговорот ќе биде радикален“, рече Живковиќ.

Хрватскиот Јутарњи лист неодамна, повкувајќи се на „добро упатени извори, блиски до поранешниот црногорски лидер“, објави дека, поранешниот претседател и премиер и основач на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, би можел да биде уапсен во наредните денови.

Државното обвинителство, кое сега е под раководство на владејачката просрпска коалиција, го подготвува ова бомбастично апсење откако наводно постигнал договор со Душко Кнежевиќ, „бизнисмен“ кој неодамна бил екстрадиран од Велика Британија, кој наводно се согласил да соработува и да биде „заштитен сведок“, за наводната вмешаност на Ѓукановиќ во голем број криминали,  за време на тридецениското владеење со Црна Гора пишува весникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе…

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе…