Доктор Лазаров сподели таблица за соодветно дозирање на парацетамол кај деца: Не водете се по возраста, туку по тежината!

t

Во екот на вирозите и сеознскиот грип кои често се пропратени со висока телесна температура, едно од најчестите прашања кои ги мачат родителите колкава доза на антипиретик е соодветна за возраста и тежината на детето. 

Доктор Ненад Лазаров со одговор. 

– Во период на пик на сезонски вирози, особено грипот годинава дава високи температури, сакам да ви обратам внимание на значењето на правилно и прецизно дозирање на парацетамол особено кај дечиња. Прецизно дозирање на парацетамол кај деца е важно за да се избегне предозирање од една страна и да се обезбеди ефикасност т.е регулирање на покачената температура, појаснува тој. 

Докторот советува да не се водите по возраста на детето туку по телесна тежина!

– Непходно е да се истакне дека 1 милилитар помалку од соодветна доза може да значи дека нема да ја намалите соодветно покачената температура, кај бисоки фебрилности над 39 степени одете со максималната препорачана доза. Препорачаната доза е околу 10-15 мг/кг на телесна тежина, со максимум четири дози во 24 часа и минимум четири часа помеѓу дозите12, вели доктор Лазаров. 

За прецизност, се препорачува да се користи мерна лажичка или шприц за перорална употреба и да не се надминуваат препорачаните дози.

Повелете подолу таблица за увид, не се водете по возраст на детето туку по телесна тежина, порача познатиот доктор. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Лазаров сподели таблица за соодветно дозирање…

Во екот на вирозите и сеознскиот грип…

Д-р Беќаровски предупредува за новиот опасен ТикТок…

Докторот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук профил…

Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…

Лазаров го изигра својот последен натпревар

Кире Лазаров го одигра својот последен меч…

Лазаров објави крај на кариерата

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…