Доктор од Радовиш нападнат на работното место
Доктор од тимот на Итната медицинска помош на Радовиш бил нападнат во просториите на Здравствениот дом на ова населено место додека бил на своето работно место.
Тој нападот го рпијавил во полциската станица во Радовиш и полицијата веќе го повикла напаѓачот на разговор.
– Х.Е. (36), лекар во Итната медицинска помош во Радовиш,пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствен дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д. (53) од Радовиш.
Како што соопштија од СВР Струмица, денеска во просториите на Полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот.
За настанот бил запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава – се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете во детска градинка во Радовиш се…
Вчера во 11.00 часот во ОВР Радовиш,…
Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…
ВООРУЖЕН КАКО РАМБО ШЕТАЛ НИЗ РАДОВИШ Маж…
49-годишниот А.У. е задржан во Полициската станица…
Истрага против дилер на марихуана од Радовиш
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за…
ДА ГО СМЕНЕВТЕ ЗАКОНОТ НАСИЛНИКОТ ЌЕ БЕШЕ…
Во врска со видео записот кој беше…