(Документи)СКАНДАЛ ВО ВЕЛЕС: Местеле тендер за да му дадат на Анѓушев 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

t

Плодна е “љубовта” меѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и менторот на “лидерот” Христијан Мицкоски. “Врти парата” од еден во друг џеб, а единствен џеб кој останува празен е тој на граѓаните, кои не ни знаат дека ги плаќаат “ќејфовите” на олигарсите

Откако претходно Инфомакс објави информации за тоа како градоначалниците на Мицкоски испумпале неверојатни 390 милиони денари во компанијата Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС) на Кочо Анѓушев, овојпат објавуваме ексклузивни информации за уште една фирма која добила речиси 28 милиони денари од само една општина.

Општина Велес и градоначаникот Марко Колев направиле, во најмала рака, скандалозна набавка за електрична енергија и тоа токму од компанијата чие одговорно лице е Кочо Анѓушев. Се работи за компанијата Рењувабал Енерџи Суплај Рес ДОО Скопје, за која дополнително ќе пишуваме во периодот кој следува.

Согласно документацијата до која дојдовме, Рењувабал Енерџи Суплај Рес ДОО Скопје склучила договори за набавка на електрична енергија за потребите на општина Велес и ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес.

Треба да се напомене дека со одлука на Советот на општина Велес во 2022 година, надлежноста за градското осветлување од општина Велес е префрлена на на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес.

Овде се поставува прашањето дали ова е направено со цел избегнување на обврската за набавка на електрична енергија на слободниот пазар (а со тоа и избегнување на повисоки сметки за струја), согласно Законот за енергетика?


Ако се погледнат годишните планови за јавни набавки, објавените огласи и склучените договори за набавка на електрична енергија на општина Велес и на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес за 2023 година (кои може да се најдат во електронскиот систем ЕСЈН при Бирото за јавни набавки), може да се забележат следните работи:


Во тековната 2023 година, општина Велес и ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес склучуваат договор за спроведување на групна јавна набавка за потребите на овие два договорни органи, која е во два дела:

Прв дел: Набавка на електрична енергија за потребите на општина Велес и

Втор дел: – Набавка на електрична енергија за потребите (користење) на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес.


Вредноста на дел 2 од набавката е драстично поголема во однос на вредноста на дел 1 од набавката, 24.000.000,00 денари во однос на 3.800.000,00 денари.


По спроведената групна јавна набавка која ја спроведува општина Велес за двата дела од набавката, се склучуваат два договори за набавка на електрична енергија од страна на Општина Велес и ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес, но со ист носител на набавката, а тоа е фирмата Рењувабал Енерџи Суплај Рес ДОО Скопје, со одговорно лице, Кочо Анѓушев.


Посебно интересно е да се погледне објавениот договор за набавка на електрична енергија за потребите на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес (Дел 2 од набавката), каде може да се видат следните работи:


1.Објавениот договор на ЕСЈН не е потпишан од В.Д директорот на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес, Зоран Јаневски, туку само од Кочо Анѓушев како одговорно лице на носителот на набавката. Се поставува прашања како се спроведува овој договор ако не е потпишан од една договорна страна, како овој непотпишан договор од една договорна страна е објавен на ЕСЈН, како овој непотпишан договор од директорот е заведен во деловодникот на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес итн.

  1. Зошто во членот 1 од договорот е наведено дека се набавува електрична енергија за потребите на „општина Велес како договорен орган“, иако станува збор за набавка на електрична енергија за потребите на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес, што се гледа и од наведените договорни страни на почетокот на договорот, но и од објавениот оглас за јавна набавка.
  1. Ако се погледне планот за јавни набавки на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес за 2023 година објавен на ЕСЈН во кој е наведено дека се планираат над 10 јавни набавки во 2023 година, а потоа се побара во завршени или тековни постапки и склучени договори исто така во ЕСЈН, ќе се види дека освен набавката на струја ниту една друга планирана набавка не се реализирала до овој момент во 2023 година, односно не е поведена ниту една друга постапка за јавна набавка, а тоа значи дека не е склучен ниту еден друг договор за јавна набавка.
    Дополнително, се поставува прашањето што е причината зошто ниту една друга планирана набавка која е наведена во планот за јавни набавки на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ –Велес за 2023 година, воопшто не е започната, односно воопшто нема објавено оглас, што може да наведе на (погрешен?) заклучок дека планот за јавни набавки за 2023 година е направен само за набавката на струја, а другите набавки се формално наведени, колку да се каже дека има и други набавки.

Вреди да се спомене дека поканет и присутен на корпорацискиот прием организиран во скопскиот хотел „Александар Палас“ по повод 20 годишнината од основањето на Феро инвест и Брако, беа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски и Гордана Димитриевска Кочовска, поранешниот пратеник Илија Димовски, но и градоначалникот на Велес, Марко Колев.

После 390 милиони за ЕДС, Анѓушев си стави во џеб уште 28 милиони преку Рењувабал Енерџи Суплај Рес ДОО Скопје, и двете суми скратени од буџетите на општините раководени од градоначалниците на Мицкоски.

Плодна е “љубовта” меѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и менторот на “лидерот” Христијан Мицкоски. “Врти парата” од еден во друг џеб, а единствен џеб кој останува празен е тој на граѓаните, кои не ни знаат дека ги плаќаат “ќејфовите” на олигарсите …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…