(Документи + Видео) Коњановски и Мицкоски го позлатиле Стентон Градба: ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА на граѓаните завршиле во фирма за која ДПМНЕ тврдеше дека е блиска со СДСМ – со чиј сопственик Мицкоски е фотографиран!

t

„Како е возможно на толкави тендери вредни 1,8 милиони евра, да биде пријавен само еден понудувач“ ова е цитат од прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ одржана на 30.07.2022 година од страна на портпаролот на партијата Наум Стоилковски во која истакнува сериозни сомнежи за местење на тендери.

Во истата прес-конферција Стоилковски продолжува:

-Вчера објавивме дека за одронот на автопатот Миладиновци – Штип, работата ја добива единствен понудувач, компанија блиска на СДСМ, битолски „Стентон“. Ова е документ за уште една јавна набавка, неполни два месеци по јавната набавка за автопатот Миладиновци – Штип, „Санација на одрон на делница Хамзали – Берово“, и повторно има само еден понудувач, и повторно тој еден понудувач ја зема работата и повторно тоа е битолски „Стентон“, вели Стоилковски.

Во исто време додека Стоилковски оддржувал прес-конференција, градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски буквално ја позлатил компанијата „Стентон Градба“ за која самото ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека се работи за фирма блиска до СДСМ, сумите кои завршиле во оваа компанија само од општина Битола се вртоглави како што ќе се уверите и самите.

Во изминатиот период од нешто повеќе од 2 години како Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Битола милиони евра завршиле на сметката на оваа приватна компанија за која да повториме дека самото ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека е блиско до СДСМ.

Општина Битола само во 12 месеци минатата година исплатило неверојатни 51.2 милион денари на сметка на компанијата!

КЈП Нискоградба Битола во 9 месец исплатило 60 илјади денари.

Истиот месец КЈП Нискоградба Битола  исплатило 59 илјади денари.

Истиот месец КЈП Нискоградба Битола има уште една јавна набавка вредна 1.8 милиони денари.

Истиот месец на истиот ден исплатени се уште 346 илјади денари на сметката на Стентон.

Но тоа не е се, затоа што се исплатени уште 457 илјади денари на сметка на компанија.

Па потоа уште 169 илјади денари.

На 07.09.2023 исплатени се уште 54 илјади денари од КЈП Нискоградба, Битола на сметка на Стентон Градба.

ЈП Комуналец, Битола на 20.07.2023 година исплатило 1.2 милиони денари за готов бетон на Стентон Градба.

На 28.07.2023 година Општина Битола го позлатила Стентон Градба со уште 6.7 милиони денари.

КЈП Нискоградба на 07.07.2023 година договорила тендер од 590 илјади денари.

ЈП Комуналец Битола има уште еден тендер со Стентон градба во висина од 3.5 милиони денари.

Општина Битола има уште еден тендер со Стентон Градба во вредност од 5.7 милиони денари.

За жал не сме ни до пола…

Стентон Градба има добиено 6.4 милиони денари на 22.03.2023 година од Општина Битола.

За реконструкција на улица на 22.03.2023 година Стентон Градба има добиено 3.3 милиони денари од општина Битола.

Општина Битола има доделено и тендер во вредност од 10 милиони евра за Стентон Градба.

ЈП Стрежево, Битола има доделено тендер од 448 илјади денари на Стентон Градба.

КЈП Нискоградба, Битола има доделено тендер од 1.5 милиони денари на Стентон Градба.

КЈП Нискоградба, Битола доделило тендер од 2.3 милиони денари за бетон на Стентон Градба.

КЈП Нискоградба има и друг тендер од речиси 600 илјади денари за Стентон Градба.

ЈП Комуналец Битола има тендер од 1.3 милиони денари за Стентон Градба.

Општина Битола има уште еден милионски тендер од 8.9 милиони денари за Стентон Градба.

Општина Битола има уште еден тендер од 10 милиони денари за Стентон Градба.

Приказната не завршува тука па така на 24.06.2022 година Општина Битола му доделила тендер од 5.8 милиони денари на како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, сдсмовскиот Стентон Градба.

На истиот ден Стентон Градба има добиено и тендер о 8.3 милиони денари од општина Битола.

ЈП Комуналец битола на 11.04.2022 година има доделено тендер на Стентон Градба од 3.7 милиони денари.

КЈП Нискоградба има доделно тендер од 1.7 милиони денари.

Евидентиран е уште еден тендер од општина Битола во вредност од 2 милиони денари.

Ова е еден од рекордните тендери од Општина Битола вреден 16.2 милиони денари.

Ова е втората најголемата цифра која ја има добиено Стентон Градба од општина Битола во вредност од неверојатни 19 милиони денари!

КЈП Нискоградба доделило и уште еден тендер од 1.4 милиони денари.

А првиот тендер доделен за Стентон Градба од новата администрација на Мицкоски која раководи со општината е на 03.12.2021 година во вредност од 5.8 милиони денари во првите два месеци како Коњановски седна во градоначалничката фотеља.

Вкупната цифра која градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски ја исплатил на компанија за која неговата партија тврдеше дека е блиска до СДСМ е во вредност од неверојатно 180 милиони денари или речиси 3 милиони евра!

И веројатно оваа вест ќе разочара голем број искрени и чесни „вмровци“ и симпатизери на партијата во градот на конзулите на кои за време на кампањата за локалните избори им беше ветувана борба со корупцијата и криминалот како и борба против бизнис структурите во градот кои отворено ја поддржува градската админстрација која граѓаните на локалните избори сакаа да ја променат.

Замислете си која е иронијата градоначалник на Мицкоски да го финансира „главниот финансиер на СДСМ“ во Битола како што тврдеа самите членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата за локалните избори.

Еве и малку поново видео од 29 декемврки 2022 година во кое градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчевски се жали од големата сума која ја договорил неговиот претходник за изградба на градинка во општината која ја изведува токму Стентон Градба.

Трагедија…

Но тоа што е интересно е што и самото СДСМ има направено прес-конференција на која ги обвинува дека „Стентонот“ соработува со Мицкоски и партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, а за тоа објавија и фотографија на која се наоѓа Мицкоски и бизнисменот Благој Крстевски.

Еве и видео на кое Христијан Мицкоски самиот кажува дека учи од бизнис секторот по средба Благој Крстевски попознат по прекарот „Стентоно“

Еве го и самиот Мицкоски фотографиран со сопственикот на Стентон Градба.

Домаќински и чесно нема што… П.С. би ги замолил партиите да се договорат чиј е „Стентоно“ Бонус видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…