(Документи) Орце Камчев и Ратка Камчев на црна листа на САД заедно со Самсоненко и сите негови фирми

t

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер пред малку се огласи на Твитер коментирајќи ги санкциите за македонски граѓани кои се нашле на црната листа на САД.

Агелер напоменува дека ова е предупредување и дека ќе има одговорност за сите корумпирани актери, потенцирајќи дека одговорност ќе има и за оние кои соработуваат со корумпираните бизнисмени.

-Денешното соопштение е предупредување до поединци кои ја злоупотребуваат својата моќ и ја искористуваат довербата на народот дека Соединетите Држави бараат одговорност од сите корумпирани актери. Оваа листа е потсетник дека со кого соработувате може и да влијае на вас и на вашето семејство, пишува Агелер на Твитер.

– Денес владата на САД дезигнираше поединци и правни субјекти од финансиската мрежа на Јордан „Орце“ Камчев, кој беше санкциониран од САД во Јули 2023 година за корупција. Американското министерство за финфансии денес воведе санкции за Сергеј Самсоненко, Ирина Самсоненко и Ратка Куноска за корупција и прекршување на егзекутивната наредба 14033 и 14024 заедно со правни субјекти кои се под контрола и во сопственост на Орце Камчев.

Овие акции илустрираат како одредени елити имаат бенефиции од корупција и ги подриваат државните институции на штета на граѓаните на државата. САД ќе продолжи да бара одговорност од корумпираните актери и денешното соопштение е потсетник дека со кого соработувате може и да влијае на вас и на вашето семејство.

Граѓаните на Македонија заслужуваат подобро, стои во објавата.

Од денес на црната листа на САД преку официјално соопштение се најде и бизнисменот Сергеј Самсоненко, соопштението на министерствто за финансии на САД ви го пренесуваме во целост:

-Сергеј Самсоненко (Самсоненко) е двоен државјанин на Русија и Македонија и богат бизнисмен кој живее во Македонија. Помеѓу 2017 и 2018 година, Самсоненко и неговата сопруга, Ирина Самсоненко (Ирина), исто така двојна државјанка на Русија и Македонија, купиле земја од Јордан Камчев (САД го назначиле Камчев на 19 јули 2023 година во согласност со егзекутивната наредба 14033 за одговорен за или соучесник во, или директно или индиректно ангажиран во, корупција поврзана со Западен Балкан). Оваа набавка на крајот го поттикна Самсоненко да сведочи пред судот во Македонија за време на судскиот процес „Плацеви на Водоно“ во кој и Камчев и неговата мајка Ратка Куноска Камчева (Камчева) беа обвинети за перење пари. Во 2021 година, Самсоненко извршил исплати на неговата сопруга Ирина. Во истиот рок, Ирина префрлила пари на Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ (Камчев Консалтинг) и Орка Фајнанс Скопје ДООЕЛ (Орка Фајнанас); двете компании се поврзани со Камчева. Исто така, во истиот временски рок, парите што им беа префрлени на Камчев Консалтинг и Орка Фајнанас беа искористени за плаќање на заем поврзан со Орка Холдинг АД (Орка Холдинг), компанија поврзана со Јордан Камчев. Дополнително, Самсоненко и Ирина ја купија фирмата Систина Лајф Кеар Сентар Скопје ДООЕЛ (Систина Лајф Кеар Сентар), друг субјект вмешан во судскиот процес „Плацеви на Водоно“, од Камчев и Камчева. Конечно, Бет Сити Интернационал ДОО Скопје (Бет Сити), спортска обложувалница, половина е во сопственост на Самсоненко, а половина сопственост на Орка Холдинг, чиј директор е Јордан Камчев.

Самсоненко, Ирина и Камчева се именувани согласно Е.О. 14033 за материјално помагање, спонзорирање или обезбедување финансиска, материјална или технолошка поддршка или стоки или услуги или за поддршка на Јордан Камчев, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033. Систина Лајф Кеар Сентар се определува согласно Е.О. 14033 за тоа што е во сопственост или контролирана од, или дејствувала или наводно дејствувала за или во име, директно или индиректно, Ирина, лице чиј имот и интереси во имотот се блокирани во согласност со Е.О. 14033.

Бет Сити е назначен во согласност со Е.О. 14033 затоа што се во сопственост или контролирани од, или дејствувале или наводно дејствувале за или во име, директно или индиректно, на Самсоненко и Камчев, лица чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033.

Орка Холдинг АД е конгломерат поврзан со Камчев кој работи во широк спектар на индустрии. „Орка Фајнанас“ и „Камчев Консалтинг“ се компании за консултантски услуги и деловни услуги во рамките на мрежата „Камчев“ и се во сопственост на Камчева.

Орка Холдинг се назначува согласно Е.О. 14033 затоа што е во сопственост или контролиран од, или дејствувал или наводно дејствувал за или во име, директно или индиректно, од Камчев, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033. Орка Фајнанас и Камчев Консалтинг се определуваат согласно Е.О. 14033 дека е во сопственост или контролирана од, или дејствувал или наводно дејствувал за или во име, директно или индиректно, Камчева, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033, се вели во сопштението.

Линк од официјалното соопштение и документ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски му го одзеде украинското државјанство на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го одзеде…

Топлотен бран во Европа, 8 мртви, стотици…

ЧЕТИРИ лица починаа во Шпанија, две во…

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел…

Ревизијата на ЦИА откри пропусти во подготовката…

Муцунски за албанските медиуми од Пустец: Ќе…

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна…