ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Македонскиот наведен како засебен јазик, покрај српскиот и грчкиот, во Зборник издаден во 1849г.
Во време кога се врши атак врз македонскиот јазик и идентитет, при што пропагаторите против Македонците, македонската историја и македонскиот јазик мафтаат со тврдења дека „македонската нација ја измислил Тито“, а македонскиот јазик бил „бугарски дијалект“ еве еден историски документ за Македонците и македонскиот јазик издаден многу години пред да се роди Јосип Броз Тито, пред да дојдат „администраторите“ со пушки и топови во Македонија во 1941 година.
Документот е објавен на страницата на Фејсбук која се занимава со историски прашања од поблиската и подалечната историја на Македонија:
– Македонскиот наведен како засебен јазик во Зборник од 1849 година. Редакцијата на зборникот „Легенди на рускиот народ“ и составувачот, рускиот етнограф-фолклорист и палеограф Иван Сахаров, во 1849 година го навеле македонскиот како засебен јазик, покрај српскиот и грчкиот, меѓу другите јазици. ИЗВОР: „Сказания русского народа“, собранные И. Сахаровым, Том второй , Книга пятая, шестая, седьмая и осьмая, Санкт Петербургъ, 1849, стр. XIII.- се посочува во објавата на Macedonia: a True Endless Story … на социјалната мрежа Фејсбук.
(Д. Г.)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Преподобни Исакиј,…
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…
ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Македонскиот наведен како засебен…
Во време кога се врши атак врз…
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мајко, сега не е…
На денешен ден пред 23 година (16…
ПЛАНОВИ ЗА КУРСК: Украинците сакаат да создадат…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја разгледува можноста…
НУДАТ ВИСОКА ПЛАТА: Русите бараат копачи на…
Русија вработува ровокопачи за плата од 3.600…