(Документи) Кадрите на Мицкоски живи ненајадени: Битолскиот градоначалник Коњановски потрошил 90 илјади евра пари на граѓаните за хотели и ресторани?

t

Општина Битола за хотелски, угостителски и ресторантски услуги од март 2022 до август 2023 склучила договри во вредност од 5,5 милиони денари. Тоа се неверојатни 89 илјади евра за неполни две години пари на битолчани за ноќевања, ручеци и вечери и кетеринг. Договорите за јавните набавки ги склучувал битолскиот градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ Тони Коњановски.

Рамковна спогодба во вредност од 1.400.000,00 денари и договори со фирмата Ја-са, на чија понуда се забележува е-маил адреса на хотел Премиер, битолската Ми-ја или хотел опрератор Бела куќа, Јувенали трејд или хотел со ресторан Капри, Генерал Лорд или хотел Милениум. Договори се склучени и со хотелите Епинал и Широк сокак односно фирмата Македонија, Винаријата Чифлик или фирмата Менде беба пром.

На порталот јавни набавки се гледа дека се склучени: рамковна спогодба 1.600.000,00 денари, договори за 400.000,00 денари од 22.08.2023, спогодба од 3.000.000,02 денари, договори за 1.400.000,00 денари од 20.06.2023, спогодба за 2.800.000,05 денари и договори од 1.000.000,00 денари од 26.05.2022, спогодба од 2.800.000,05 денари и договори од 350.000,00 денар од 26.05.2022 и спогодба вредна 2.900.000,10 денари со договори од 100.000,00 денари од 14.03.2022 година.

И градоначалникот на Марко Колев потрошил илјадници евра пари на граѓаните од општина Велес за јадење, пиење и сместување завршиле на сметка на Хотел Романтик на Велешко езеро. Инфомакс неодамна објави дека оогласно податоците достапни на страницата на Отворени Финансии, Општина Велес има исплати до Хотел Романтик во вредност од неверојатни 800 илјади денари или приближно 13 илјади евра пари на општината кои се потрошени за јадење и пиење во периодот од 2022 до 2024 година.

Јасно е дека вмровските градоначалници ги оставаат проектите за подобар живот на граѓаните кои ги избрале на чекање, а нивните пари ги трошат за сопствени или партиски удобства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…

Дебар Маало ќе се затвора за возила…

Со овој пилот-проект кој веќе е готов…