(Документи) (Не)кој лаже? Николоски не работел во приватен сектор ни 14 секунди не од 14 години
Александар Николоски нема работено во приватен сектор ни 14 секунди, а не 14 години, пишува „Професорката Мила“ на Твитер, откако Николоски изјави дека од 14 години работи во приватен сектор.
– Следно, јас за разлика од Стево Пендаровски знам што значи да се работи и работам од мојата 14 година на почеток во фамилијарните бизниси каде што помагав се додека не се активирав во политиката и многу добро знам како се заработува плата. Од моето семејство и потесно и пошироко нема ниту еден вработен во јавна администрација, сите се во приватен сектор, изјави Николоски откако Стево Пендаровски на митинг истакна дека „да не е во политиката ќе нема леб од каде да јаде“.
Сепак, на социјалните мрежи се објавени податоци од ПИОМ каде се гледа дека Николоски нема ниту еден ден стаж во приватен сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
(Видео) Николоски: Почитувани пријатели, позади нас е…
Александар Николоски денеска на својот Фејсбук им…