(Документ) Приказна како на филм: Лежел во Идризово сега Мицкоски го именуваше за заменик директор на институцијата!

t

Владата на вчерашната редовна седница донесе повеќе одлуки и решенија и на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции именуваше повеќе директори.

Токму една од одлуките на Владата е именувањето за в.д. заменик на директорот на КПД Идризово со отворено одделение во Велес на Ибрахим Ељези.

И тука започнува приказаната која наликува на нешто што на кое што можат да му подзавидат сценаристите од Холивуд.

Ако кажеме дека неговото именување е шокантно веројатно ќе бидеме скромни затоа што човекот кој вчера Христијан Мицкоски го именуваше за заменик директор на затворот во Идризово само пред неколку години бил осуден и лежел 4 години во истиот затвор со кој денес треба да директорува.

Имено Ибрахим Ељези од Влен во 2013 година бил осуден за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Тој бил осуден на речиси пет години затвор затоа што со уште едно лице бил фатен со 5 килограми дрога на граничен премин при обид за влез во Македонија. Кај Ељези била пронајдена марихуана и таблети кои биле наменети за продавање на македонскиот пазар.

И сега токму Ељези кои своевремено продавал наркотични средства ќе биде директор во затворот во кој самиот тој лежел за ова дело.

Мицкоски од опозиција ветуваше дека чесни кади ќе раководат со државните институции и ќе донесат суштински промени во животот на граѓаните и реформи кој ќе ја доближат Македонија поблиску до Европската Унија, но сепак се поставува прашањето каков придонес ќе има еден бивш затвореник на чело на најстрогиот затвор во државата Идризово.

Претходно Инфомакс објави дека новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица, нaзначен на денешната седница на Владата, барал мито од осуденици за да добијат правна помош и барање за помилување, дознава Инфомакс.

Зоран Ристов, кој денеска беше назначен за вршител на должност директор во КПУ Струмица и неговата сопруга Македонка Ристова, двајцата вработени во КПУ Струмица, барале мито од осуденици, за што постои и видео снимка од сведоштво на еден осуденик. Настанот е пријавен во МВР и веќе има активна постапка во ОЈО, но нема пресуда за настанот, вели извор од затворот во Струмица за Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извршена трансплантација на ахилова тетива од починат…

Министерството за здравство информира дека на Клиниката…

Ахмети: Албанците се гневни – не може…

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации…

Католиците денеска го празнуваат Бадник, утре Божиќ:…

Католиците ширум светот денеска го слават Бадник,…

Орбан: Конфликтот во Украина може да заврши…

Конфликтот во Украина може да заврши во…