ДОЛГОТ НА САД ДОСТИГНА 34,4 БИЛИОНИ ДОЛАРИ: По Јапонија, Грција и Италија, САД станаа една од најзадолжените земји

t

Долгот на Соединетите Американски Држави (САД) достигна неверојатна вредност од 34,4 билиони долари, а од јуни минатата година е регистрирано забрзано темпо на задолжување, соопшти Министерството за финансии.

Последниот долг од „2 билиона“ (две илјади милијарди) е регистриран за само 200 дена – билион за приближно 100 дена, според новообјавените податоци.

Колку е забрзано темпото на задолжување покажува и информацијата дека во периодот пред минатиот јуни на државата во просек и биле потребни дури 8 месеци за да го зголеми долгот за уште нови билиони долари.

Мајкл Хартнет, инвестициски стратег во Банката на Америка, втората по големина инвестициска банка во САД, верува дека темпото на задолжување ќе остане на ова ниво и дека натамошното зголемување на долгот од 34 на 35 билиони долари исто така ќе се случи на краток рок за само 100 дена.

Познатиот инвестициски сервис Мудис неодамна го намали кредитниот рејтинг на американската сојузна администрација од стабилен на негативен, што значи дека постои одредена загриженост за ажурноста и можноста за редовна отплата на долгот.

„Мудис“, како што е нагласено, очекува дека фискалниот дефицит на САД во иднина ќе остане на високо ниво, како и дека големото и постојано зголемување на долгот ја доведува во прашање економската логика на натамошно задолжување.

Американскиот долг во декември лани изнесува 124,2 % од годишниот бруто национален производ и е зголемен за речиси 2 % во однос на третиот квартал од минатата година.

Третата по големина светска економија, Јапонија, има една од највисоките стапки на долг во однос на БДП, од 255%, Италија должи 135% од својот бруто национален приход, а Грција 168%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…