„Домаќински и чесно“: Таравари прави 5 километри пат за над 28 МИЛИОНИ ДЕНАРИ на тендер со еден понудувач!

t

Пат од 5,7 километри ја чини Општина Гостивар неверојатни 28.383.617 (28 милиони 383 илјади и 617 денари) или 461,5 илјади евра.

На веб-страницата за јавни набавки е објавен договорот за изградба на локален пат од с.Форино до с.Турчане склучен на ден 29.03.2024 во вредност од 28.383.617,34ден. Договорот е потпишан од градоначалникот Арбен Таравари.

Компанијата АЌУА-ИНЖЕНЕРИНГ АГЕ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово е единствен понудувач на тендерот и не намалила ниту денар од максимално предвидената сума за изградба на патот.

Интересни се и условите за пријавување на тендерот.

  1. Техничка и професионална способност –

2.3.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионалана способност, еконмскиот оператор треба да ги исполнува следните минимални критериуми:

– Да има успешно искуство во најмалку 3 (три) реализирани договори во последните пет години од кои најмалку еден со вредност не помалку од 30.000.000,00 денари. За бараните договори понудувачот треба да обезбеди и потврди за успешно, навремено и квалитетно извршување на работите, издадени од нарачателите.

  • Од стручниот персонал вклучен за реализација на предметната набавка, економскиот оператор треба да располага со:
  • Минимум 4 (четири) Градежни Инженери со овластување Б за Изведба од областа на градешништво издадени од Комора на овластени инженери и архитекти на РСМ,
  • Минимум 1 (еден) дипломиран градежен инжинер со хидротехничка насока со со овластување Б за Изведба од областа на градешништво издадени од Комора на овластени инженери и архитекти на РСМ,
  • Најмалку едно лице за безбедност при работа со Уверение за положен стручен испит издадено од Министерство за труд и социјална политика.
  • Минимум 1 (еден) дипломиран геодетски инжинер со Овластување Б.
  • Да има најмалку најмалку 30 ВКВ или КВ работници во редовен работен однос кои ќе бидат вклучени во реализација на предметната набавка.
  • Понудувачот треба да има во сосптвеност или да обезбеди следната техничка опрема:
  • Асфалтна база со А интегрирана еколошка дозвола, со капацитет на мин.130 тони на час, на растојание не поголемо од 30 км од местото на изведба на работите и сертификати за употреба издадени од релевантни институции (сертификат за калибрација за асфалтната база и сертификат за калибрација на лабораториската опрема за тестирање на асфалтот).
  • Најмалку 1 (еден) финишер за вградување асфалт со работна ширина од 2,5-8 м и автоматско подесување на височина (не постар од 3 години),
  • Најмалку 1 (една) машина за гребење на асфалт со ширина од 1,5 м (не постара од 3 години),
  • Минимум 1 (еден) багер со минимум 1.4 м3 корпа,
  • Минимум 10 (десет) камиони кипери со носивост над 20 тона,
  • Најмалку 1 (еден) камион за транспорт на материјали со капацитет од најмалку 5 (пет) тони.
  • Минимум 2 (два) вибро ваљаци.
  • Минимум 2 (два) комбинирани ваљаци.
  • Минимум 1 (една) цистерна за прскање емулзија со капацитет од мин.5000 л.
  • Најмалклу 1 (еден) грејдер.
  • Најмалку 1 (една) цистерна за вода.
  • Лабораторија за испитување на геотехника, асфалт и бетон.

2.3.4.2 За докажување на техничка или професионална способност понудувачотпотребно е да достави:

– листа на извршени работи – да има најмалку 3 (три) реализирани договори во последните пет години од кои најмалку еден со вредност не помалку од 30.000.000,00 денари.

За бараните договори понудувачот треба да обезбеди и потврди за успешно, навремено и квалитетно извршување на работите, издадени од нарачателите.

Од стручниот персонал вклучен за реализација на предметната набавка, економскиот оператор треба да располага со:

– Минимум 4 (четири) Градежни Инженери со овластување Б за Изведба од областа на градешништво издадени од Комора на овластени инженери и архитекти на РСМ.

– Минимум 1 (еден) дипломиран градежен инжинер со хидротехничка насока со со овластување Б за Изведба од областа на градешништво издадени од Комора на овластени инженери и архитекти на РСМ,

– Најмалку едно лице за безбедност при работа со Уверение за положен стручен испит издадено од Министерство за труд и социјална политика.

– Минимум 1 (еден) дипломиран геодетски инжинер со Овластување Б.

– Да има најмалку најмалку 30 ВКВ или КВ работници во редовен работен однос кои ќе бидат вклучени во реализација на предметната набавка.

(Листинг на вработени издадена од Агенцијата за вработување не постара од 30 дена).

Условите се сомнителни, а ОЈО и МВР имаат уште еден сомнителен тендер за истражување, а жителите на Гостивар треба да се запрашаат дали 6 километри автопат чини повеќе од 28 милиони денари!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХАОС: Огромна колона на наплатната станица „Гостивар“

Голема гужва има на наплатната станица „Гостивар“…

Истрага против тројца браќа за убиство од…

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за…

За 2 Август ќе мора да вртите…

Министерството за внатрешни работи по повод прославата…

Нови детали за убиството во гостиварско: Во…

Денес во 17.15 часот во СВР Тетово…

Гостиварец паднал од балкон

Вчера во 12.40 часот во СВР Тетово…