ДОМ го осудува нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

t

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, кој се случил пред полициска станица, во присуство на полиција и пред очите на јавноста.

„Без разлика на политичките разлики или несогласувања, насилството е неприфатливо и мора да биде јасно санкционирано. Овој инцидент го надминува прашањето на лична безбедност, станува збор за напад врз жена во политика, врз носителка на јавна функција и врз институционалниот интегритет.

ДОМ потсетува дека со години се залага за безбедна јавна средина, политичка култура без насилство и поддршка за жените во политика и јавниот живот. Денешниот настан покажува дека тие заложби не се декларативни, туку итно неопходни.

Молкот од институциите во вакви случаи може да значи само охрабрување на насилството и легитимизација на урбаната мафија, која го претвора јавниот простор во Скопје во зона на страв, закани и неказнивост.

Бараме брза, одлучна и транспарентна интервенција од МВР и Јавното обвинителство за ваквите случаи како и за инцидентот со советничката Ирина Витина никогаш повеќе да не се повторат во иднина“, се наведува во соопштението на ДОМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОМ ќе се изјасни за францускиот предлог…

Зелената партија ДОМ, инаку дел од владејачката…

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…