Донесена уредба за активирање на бројот 112 за итни случаи

t

Владата денеска ја донесе Уредбата за организацијата и функционирањето на единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата територија на Републиката – Е-112.

Е-112 има за цел да обезбеди континуитет на управувањето со итни повици, како унапредување на мерките и апликациите за навремено определување на локацијата со цел брза и навремена реакција на сите служби опфатени во системот за справување со кризи.

Е-112 исто така обезбедува брзина и ефикасност во постапувањето при итни повици за итни случаи за помош и се овозможува достапност до системот на сите лица на територијата на Република Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојанче Ангелов објасни како автоматска порака на…

Необична автоматска порака на англиски јазик која…

Донесена уредба за активирање на бројот 112…

Владата денеска ја донесе Уредбата за организацијата…

Владата го усвои предлогот 112 да биде…

Владата на денешната 130 седница ја разгледа…