Објавено на:

Донирајте за Либија! Црвениот крст отвори сметки за помош

t

Црвениот крст на Македонија изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети по катастрофалните поплави во Либија. Искажувајќи солидарност со настраданото население во Либија Црвениот крст се вклучува во обезбедување на потребната помош.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либија.

– да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Катастрoфалните поплави во источна Либија предизвикани од поројните дождови од ураганот „Даниел“, кои се случија на 10 септември 2023 година опустошија повеќе градови на средоземноморското крајбрежје. Направени се значителни штети на инфраструктурата, вклучително и на патната мрежа, а прекината е и телекомуникациската мрежа. Најтешка е ситуацијата во градот Дерна, каде се говори за над 5.000 загинати луѓе. Поплавата предизвикана од силната бура ги сруши браните, предизвикувајќи порој од вода и опустоши четвртина и повеќе од градот Дерна, однесувајќи ги зградите заедно со нивните жители, улиците се покриени со урнатини, кал и шут. Се проценува дека околу 10.000 луѓе се водат како исчезнати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Поплави во Велика Британија – автомобили се…

Делови од Велика Британија вчера беа зафатени…

Во Шпанија спасена жена која три дена…

Жената која три дена била заробена во…

Над 200 загинати досега во поплавите во…

Бројот на загинати во поплавите што ја…

Реал Мадрид донира еден милион евра за…

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој…