Донфрид на средбата со Османи: Иднината на Македонија е во ЕУ – САД силно ги поддржува европските аспирации на земјата
Иднината на Македонија е во Европската Унија – ова денеска во Скопје го порача американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања. Карен Донфрид, која е прв висок претставник на Вашингтон што доаѓа во земјава по почетокот на руската агресија врз Украина, на средбите со државно владиниот пренела дека САД ќе продолжат да го поддржуваат пристапувањето на Македонија кон Унијата. Според неа, ова прашање предолго се одолговлекува.
„Силно ги поддржуваме вашите европски аспирации и сакаме што е можно побрзо одржување на меѓувладината конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Предолго ова прашање се одолговлекува. Вие ја завршивте тешката работа, ги преземавте непотребните реформи и заслужувате брзо да напредувате. Веќе кажавме и пак ќе кажеме – иднината на Македонија е во ЕУ. Вашето пристапување ќе донесе поголема стабилност на Балканот и поголем просперитет на Европа“, вели Карен Донфрид, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.
Не прецизираше како американската администрација конкретно ќе помогне имајќи предвид дека зад европската блокада стои Бугарија, членка и на НАТО и на Унијата. Побара продолжување на реформите за кои кажа дека има уште работа. Се заблагодари за придонесот на државата за регионалната стабилност, како и за поддршката на Украина за што земјата ја стави во редот на, како што рече, бранители на демократијата и човековите права. Проценките на шефот на македонската дипломатија, Османи, се дека сега е вистинско време ЕУ да преземе чекори за деблокада што би довело до одржување на првата Меѓувладина за време на француското претседателство.
„Војната во Украина демонстрираше јасна потреба од внесување нова динамика во евроинтеграциите на Западен Балкан. Проширувањето на ЕУ претставува и безбедносна политика и оттука членството на регионот во Унијата е од суштинска важност за регионалната и европската стабилност. Никој од нас нема време за губење. Отсуство на напредок ќе има сериозни последици за нашата држава и за регионот, но и отвора простор за влијанија од трети земји поради што забрзувањето на евроинтеграциите има гео стратешко значење и за нашите партнери“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Донфрид и Османи потврдија дека на 2-ри јуни во Вашингтон ќе се одржи стратешки дијалог меѓу САД и Македонија, што се толкува како силен знак за продлабочување на меѓусебното партнерството и чекор за зајакнување на американското присуство во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемување на буџетскиот дефицит на САД за…
Американската влада во јули забележа буџетски дефицит…
Стејт департмент: САД немаат никаква улога во…
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател…
ЕУ ќе исплати 4,2 милијарди евра помош…
Европската Унија денеска ќе исплати речиси 4,2…
Трамп го тужи американското Министерство за правда!
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе го…
Стано за литиумот: ЕУ не би поддржала…
Европската унија нема да поддржи нешто во…