Досега енергетската кризa македонските граѓани ги чини 113 милиони евра
„Досега енергетската криза не чини, односно до најнов датум 113 милиони евра и ова се податоци од отворени финансии на министерство за финансии. Тоа се трансфери од Владата од централен буџет до ЕСМ“,истакна Маја Кадиевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „24 анализа“.
Кадиевска додаде дека тука е и на БЕК трансферот и останатите оние пари што минатата година беа префрлени.
„Не знам зошто околу 30 милиони евра се книжат како капитални инвестиции. А, тоа се чисти се знае трансфери за да се надмине овој енергетски шок“, рече Кадиевска.
Кадиевска посочи дека според нејзе министерот требаше да ја предвиди енергетскта криза и да ја буџетира во 2022 година со повисок износ на пари.
„Јас не очекувам дека економскиот раст ќе достигне оваа година 4.1%, очекувам некаде околу 3.5%. Како што очекував над 5.5% да е 2020-та, а излезе 6.1%, подлабока рецесија од што Владата ја предвиди. Така да некои работи треба да се предвидат навремено и да се превенира“, појасни Кадиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…