Објавено на:

Досега невидени снимки од Матеј Периш од ноќта кога исчезна (Видео)

t

На социјалните мрежи се појавија нови видео снимки од надзорните камери во Бетон халата во Белград, на кои наводно се гледа Матеј Периш од Сплит. Станува збор за снимки кои се направени кобната вечер кога младиот човек од засега непознати причини го напуштил клубот „Готик“.

Снимките се појавија на социјалните мрежи, на денот на погребот на Матеј во неговиот роден град Сплит, Хрватска.

На снимката се гледа како млад човек, во маица, трча во непознат правец. Во еден момент поминува покрај луѓе.

Да потсетиме, Матеј Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември, а неговото тело беше пронајдено на 18 мај кај Ада Хуја.

Веднаш по исчезнувањето на младиот човек, спрското МВР го реконструирало неговото движење, користејќи видео снимки од надзорните камери. Но, видеото кое се појави денеска не е видливо во верзијата што ја објави српското МВР.

Во видеото, момчето кое трча е облечено исто како Периш ноќта кога исчезна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…