Досега се пријавени 11 кандидати за шеф на државата
Досега се пријавени 11 кандидати за претседател на државата, Вело Марковски, Билјана Ванковска, Томе Николовски, Бујар Османи, Господин Поповски, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Арбен Таравари, Ѓорѓи Манасков, Мерсиха Смаиловиќ и Зорица Цветковска, а доставена е и една пријава за независен пратеник, информира вечерва претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски и потсети дека рокот за пријавување трае до 8 март.
Според него, утрово во 8 часот сите места за собирање потписи биле отворени. Вкупно низ земјава има 34 подрачни единици, распоредени во сите поголеми градови, а во некои од подрачните единици има и по неколку вработени. Работното време е од 8 до 20 часот.
Досега, како што рече Даштевски во „Топ тема“, до ДИК не се доставени никакви забелешки за несоодветни услови од кандидатите кои собираат потписи, а доколку некој нешто такво пријави, веднаш ќе се излезе во пресрет. Нема пријави, дополни, ниту за предвремено почнување на кампањата, но, сепак апелира политичките партии да ги почитуваат постапките и да се однесуваат во рамки на законот.
„Утрово во 8 часот сите места за собирање потписи беа отворени, работеа сите. За овој процес се подготвуваме многу и ги преземавме сите мерки. Имаме донесено Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи кој може да се најде на веб страницата и да се прочита. Имаме дадено и наредба на вработените, ако не може немоќно лице да се качи, вработениот да се симне“, рече Даштевски во врска со денешните поплаки на некои од партиите околу условите за собирање на потписите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грузија доби проруски претседател
Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили, проруски…
Судскиот совет не избра претседател, отсутни се…
На денешната вонредна седница на Судскиот совет…
Руски експерт открива: Постојат две можности за…
Авионската несреќа во која загина иранскиот претседател…
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…
Какви ингеренции има претседателот на Република Македонија?
Денеска на инагурацијата на првата жена претседател…