Дојава за бомба привремено ја одложи седницата на Собранието на Република Српска
Поради дојава дека е поставена експлозивна направа во зградата на Народното собрание на Република Српска во Бања Лука, почетокот на вонредната седница на Парламентот на РС е одложен за 11:30 часот, пренесе Бета.
Известувањето беше издадено кратко по 10 часот, кога дојде до итна евакуација на пратениците, вработените во собранието и новинарите.
Полицијата ги замоли сите да ја напуштат зградата на Собранието.
На дневен ред на вонредната седница е разгледување и усвојување на одлуката за распишување референдум во врска со пресудата на Судот на Босна и Херцеговина и одлуката на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) да му се одземе претседателскиот мандат на Милорад Додик, бидејќи тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради неспроведување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.
Пратениците треба итно да гласаат за предложените измени на Законот за референдум и граѓанска иницијатива, според кои комисија назначена од Парламентот на РС ќе биде задолжена за спроведување на референдумот.
Пратениците треба да го искажат своето мислење и за оставката на премиерот на РС, Радован Вишковиќ, пренесе Бета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дојава за бомба привремено ја одложи седницата…
Поради дојава дека е поставена експлозивна направа…
Уапсен крадец од струмичко, украденото вратено на…
Приведен крадец од струмичко, одземеното вратено на…
Дојава за бомба во Собранието на Република…
Народното собрание на Република Српска доби дојава…
Во Русија почна да се продава бензин…
Украинските напади со беспилотни летала врз руските…
„Геополитикал Фјучрс“: Протестите во Србија на пресвртница
Месечните протести што „се развија во најголемата…