Дојдете утре пред училиште, ќе ви покажам како се пука: Ученик во БиХ им се заканувал на другарите

t

Ученик од Основното училиште „Солина“ во Тузла се заканувал на друг ученик, а во преписката било споменато и употреба на огнено оружје, поради што управата на училиштето веднаш реагирала и ја известила полицијата.

Нивната кореспонденција се појави на социјалните мрежи:

Дојдете утре пред училиште во 11:20 часот, ќе ви покажам како се пука – рекол ученикот.

Директорката на ОУ „Солина“ Белма Смајиќ во саботата го пријавила случајот во полиција, а припадници на полицијата вчера биле во училиштето и разговарале со родителите.

За случајот бил информиран и дежурниот кантонален обвинител.

Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, како дел од своите редовни обврски и задачи, спроведува мерки за сузбивање и спречување на малолетничката деликвенција- изјавија од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца ученици со потекло од БиХ се…

Утрово во училиште во австрискиот град Грац…

Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…

Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…

„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…

Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…

(Видео) Ученици учат во училиште без кров…

Ученици учат во училиште без кров во…

Девојче земало 25 илјади евра од дома…

Скопската полиција информира дека малолетничка од Скопје…