Дојче Веле: Германија смета дека треба да ја продолжи мисијата на Косово
Бундесверот е стациониран на Косово веќе 25 години, но ситуацијата е сè уште кревка. Затоа мисијата на германската армија треба да продолжи, пишува Дојче Веле.
Големо мнозинство во Бундестагот е за продолжување на двете мисии на Бундесверот на Балканот. Покрај владејачката „семафорска коалиција“ (СПД, Зелените и Либералите), опозициските демохристијански партии, ЦДУ и ЦСУ, исто така, го поддржаа предлогот на германската влада за продолжување на мандатот на мисијата КФОР на Косово во средата (5-ти јуни) во првото читање.
„Потребен ни е КФОР способен да дејствува со цел да се намали тековниот потенцијал за конфликти и ескалација на северот на Косово и на границата со Србија“, изјави претставникот на демохристијаните во Бундестагот задолжен за одбранбена политика, Флоријан Хан. (ЦСУ).
Понатамошното германско учество во мисијата на ЕУ Еуфор Алтеа во Босна и Херцеговина беше одобрено дури и од парламентарната група Алтернатива за Германија (АфД).
Предлогот на германската влада за продолжување на двата мандата треба да се гласа за следната недела.
„Западен Балкан е наше директно соседство. Затоа, одржувањето на мирот во тој регион е наша одговорност“, истакна државниот секретар за одбрана Зимтје Мелер (СПД).
Во владиниот предлог се наведува дека основата за мисијата на КФОР „сеуште е Резолуцијата 1244 (1999) на Советот за безбедност на Обединетите нации“ и се нагласува дека „и Косово и Србија секогаш јасно кажувале дека сакаат да продолжи присуството на КФОР“.
Мисијата на НАТО на Косово, која трае веќе 25 години, е најдолгиот ангажман на Бундесверот во странство. Максималниот број на припадници на германските единици за брза акција ќе остане на 400. Меѓународните сили на КФОР имаат за цел да обезбедат воспоставување мир и јавен ред на Косово.
Меѓутоа, во последно време повторно се зголемија тензиите со Србија.
Мисијата на ЕУ Еуфор Алтеа, во која Бундесверот учествува со најмногу 50 војници, има за цел да обезбеди усогласеност со Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина во 1995 година. А таа земја, според Берлин, се уште се смета за можен извор на конфликт.
Извор: Дојче Веле
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…