ДО КОГА ЌЕ БИДАТ ТОЛЕРИРАНИ? Се тепаат играчи, тренери, судии: Дуелите против Чаир 2030 станаа – опасни по живот!

t

Екипата на Чаир 2030 вчера кој знае по кој пат потврди дека е најпроблематична во македонската кошарка, откако навивачи на овој тим го претепаа капитенот на ТФТ пред крајот на (не)пријателскиот меч одигран во СРЦ „Кале“.

Ова е втор воинствен дуел сезонава за чаирскиот прволигаш, со оглед што проблеми имаше и на пријателската средба против Работнички, тогаш само на теренот по што дебелиот крај го извлече репрезентативецот Виктор Ефремовски, кому му беше скршен носот. Поради тоа, челниците на КФМ најавија детална истрага за вчерашниот инцидент со најава за можна драстична казна за чаирчани и тоа на уште непочната сезона, барем не официјално.

Реакцијата на Куќата на кошарката е задоцнета бидејќи Чаир 2030 со години наназад редовно е магнет за инциденти и тепачки, за кои тие се виновни. Се уште е тазе сеќавањето на обвинувањата на кошаркарите на МЗТ Скопје дека биле нападнати на пат кон соблекувалната и во неа на гостувањето во „Шабан Трстена“ во Чаир во финишот од минатото првенство. Тогаш имаше натегање дали овие тврдења се вистините, иако помошник-тренер на гостите тврдеше дека е удрен со бокс во градите, а КФМ не сакаше строго да интервенира. Пред две години, пак, Чаир 2030 беше казнет со настап на десет домашни средби без публика, откако кошаркар на Работнички беше удрен на паркетот од официјалниот фотограф на клубот и тоа среде натпревар.

Чаирчани правеа инциденти и додека играа во Втората лига, за што доказ е жалбите на екипата на Тетекс, кои во 2019 година едвај се спасиле од линч од публиката и салата морале да ја напуштат со помош на полицијата.

„Нашата екипа беше донесена со полиција во Чаир, така бевме и извадени од сала во полициски возила за да не бидеме линчувани во Чаир. Навивачите нѐ пцуеја на секаква основа, бевме плукани, гаѓани со лименки, плус играчите во теренот удираа со све живо и диво по нас“, напишаа тогаш од тимот на Тетекс.

Спас од насилството на луѓето во и околу Чаир 2030 немало ниту во натпреварите од младинските категории, за што доказ е инцидентот на средбата од јуниорската лига против Вардар пред шест години. Родител на еден од кошаркарите на чаирскиот тим со бокс го удрил судијата, кој случајот го пријавил во полиција.

„На 04.11.2018 година во полициската станица Центар, А.Ѓ.(37) од Скопје пријавил дека околу 13,35 часот во сала на улица „Лазар Личеноски“ по завршување на кошаркарски натпревар на кој оштетениот бил судија, физички бил нападнат од страна на непознато лице“, пишуваше тогаш во билтенот на МВР.

Ова се само најжестоките инциденти поврзани со Чаир 2030, тим кој станува синоним на насилство и проблеми во македонската кошарка. Поради тоа, пред луѓето од КФМ е сериозен предизвик да ставан крај на ова насилничко однесување, бидејќи во иднина и тие самите би биле виновници ако дојде до посериозни повреди при повторување на инцидент налик на претепувањето на Едис Нури.

Извор; sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДО КОГА ЌЕ БИДАТ ТОЛЕРИРАНИ? Се тепаат…

Екипата на Чаир 2030 вчера кој знае…

Во Карпош приведени двајца Турци кои го…

Во Карпош вчера биле приведени двајца Турци…

Фон дер Лајен потврди: 160 милиони евра…

Европската комисија ќе и додели дополнителна поддршка…

Се ограничува маржата на 10 проценти, а…

„Во тек е онлајн вонредна седница на…

Хил: Србија сега има многу пријатели, мислам…

Амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил…