До крајот на летото со еден таг ќе минуваме патарини во Македонија и во Србија
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија Горан Весиќ изјави дека до почетокот на летната сезона треба да почне да се применува договорот со Македонија за употреба на српски „тагови“ на патиштата во таа земја, јави дописникот на МИА од Белград.
– Во контакт сме со македонските партнери, тие ги финализираат сите технички детали за наскоро да почнеме да го користиме нашиот „таг“ во Македонија и обратно, рече Весиќ на РТС.
Тој додаде дека во тек се преговори со Грција и Хрватска на таа тема, како и дека наскоро ќе се договори заемна употреба на тагови и со БиХ.
-Очекувам дека ќе имаме голем број земји во регионот, да бидеме поврзани меѓу себе со тагови, рече министерот Весиќ.
Тој најави дека веќе во мај ќе биде донесена одлука со која точно ќе се определат маршрутите по кои низ Србија ќе можат да минуваат камионите во транзит.
-Ќе ги одредиме правците низ кои камионите во транзит ќе можат да минуваат низ Србија и повеќе нема да можат да се симнуваат од автопатот. Нема да можат да избегнат плаќање патарина, ниту да ги уништуваат регионалните и локалните патишта кај нас, нагласи Весиќ во гостувањето на РТС
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…