До крајот на неделата ќе биде оценето обвинението за „Пулс“
Основниот кривичен суд Скопје, во однос на повеќе новинарски прашања, ја информираше јавноста дека „судот во целост го разбира и почитува јавниот интерес во однос на обвинителниот акт со КООА 155/25 поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, па токму заради тој интерес досега на неколку наврати известуваше за текот на оцената и сите преземени чекори“.
„Потребно е да се напомене дека се работи за предмет со 37 обвинети правни и физички лица застапувани од 33 бранители и претставници на правните лица. Од приемот на обвинителниот акт, судот ги има ангажирано сите расположливи ресурси за достава на актот до странките, прием на сите приговори и нивно процесирање до Јавниот обвинител. За жал, во текот на изминатите неколку месеци, доставата кај дел од адвокатите и претставниците на правните лица не можеше да се реализира навреме, односно и покрај најавите од судот дека актот ќе им биде доставен директно во нивните канцеларии заради поголема ефикасност во постапувањето, истите беа отсутни. Заради тоа доставата, а со тоа и роковите за приговор, непотребно се одолговлекуваа“.
Од судот велат дека „со оглед да во овој момент, сите обвинети и нивни бранители го имаат примено обвинителниот акт, и на 03.10.2025 година истекуваат сите Законски рокови за прием и достава на приговор, со што се исполнуваат сите услови за оцена, се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До крајот на неделата ќе биде оценето…
Основниот кривичен суд Скопје, во однос на…
Откако му падна обвинението за Аудито, Мерко…
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен…
Туристичка агенција од Кочани со понуда за…
„Драги мои сограѓани од Кочани, ова е…
Обвинение за сообраќајка со смртни последици во…
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт…
Министерот Шабан Салиу со службена „шкода“ во…
Радио Слободна Европа го „улови“ министерот без…