До 13 часот, 11 пожари на отворен простор, 7 активни!
До 13 часот денеска во земјава регистрирани се вкупно 11 пожари на отворено, од кои седум се сè уште активни, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во општините Македонски Брод, Струга, Долнени, Прилеп, Боговиње, како и два во Студеничани.
Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Подгорци опожарена е нискостеблеста шума. Ниска вегетација гори во атарот на село Лажани.
Опожарена е букова шума на подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште. Ниска вегетација гори во село Оловјане. Во пожарот на територија на село Батинци, опфатени се ниска вегетација и ѓубре. Последниот активен пожар е во регионот на село Горно Количани, планински врв Китка, опожарена е мешана шума.
Изгаснатите пожари биле во општините Маврово – Ростуше, Ѓорче Петров, Струга, Липково.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До 13 часот, 11 пожари на отворен…
До 13 часот денеска во земјава регистрирани…
Се запалила куќа во Гази Баба –…
Куќа во Гази Баба се запалила во…
Мицкоски: Гласачкото ливче може да биде 8…
Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста…
Грчки политичар почина од срцев удар на…
Грчкиот политичар и поранешен пратеник Апостолос Везиропулос…
Руската армија нападна постројки за производство на…
Руската армија ги нападна местата за производство,…