ДПА официјално оди во коалиција со ДУИ

t

Централното собрание на Демократска партија на Албанците (ДПА) го одобри предлогот на претседателот Мендух Тачи за учество во коалицијата „Европски фронт“ предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Партскиот лидер за оваа можност најави еден ден претходно во гостувањето на една од националните телевизии.

Се одржа Централното собрание на ДПА на кое едногласно беше одобрен предлогот на претседателот Мендух Тачи, на претседателските избори на 24 април и на парламентарните избори на 8 мај, дека ДПА треба да влезе во коалицијата со Европскиот фронт, информираат од одделот за информирање при ДПА.

Според информацијата од ДПА, потпишувањето на коалицискиот договор ќе се случи во понеделник во Тетово. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…

Гаши најостро ги осудува заканите кон пратениците…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, извести дека…