ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три години – Октоподите за премиерот им сметаат само кога се во опозција

t

Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа им пречат само кога се во опозиција.

Инфомакс пред неколку денови ексклузивно објави дека владата дала 2,1 МИЛИОН денари за овошја и зеленчуци, а колку ќе даде за месо, риба, октоподи и слично ќе видиме откако ќе заврши јавната набавка распишана од СОЗР.

Откако објавивме дека за 2,1 милион денари Владата на Мицкоски набавила папаја, манго, дајкон и какви се не рајски овошја, владата и премиерот реагираа, малку несоодветно на актуелната сиромаштија во државава.

Премиерот во изјава за медиумите истакна дека речиси сите во Влада постеле, но не можеле да живеат на воздух, а порптаролката Марија Митева рече дека набавиле овошки и зеленчуци, но така правеле и нивните претходници.

Разликата е во тоа што кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција, им пречеше што Владата се луксузира на наш трошок.

Во продолжение, соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во 2022 година:

– Службата за општи и заеднички работи при Владата среде криза ќе потроши над 20 илјади евра за морска храна. Ова е спротивно на најавите кои ги имаа во влада дека ќе ги редуцираат луксузирањата. Да потсетиме дека милиони од народните пари беа потрошени среде криза за режано цвеќе, кафиња, набавки на службени возила, миење на службени возила, витрини, позлатени чинии, вилишки, лажици и ножеви. Самата власт призна дека иако знаеле за кризата во буџетот предвиделе 100 милиони евра непродукивни трошења.

Клептоманите на власт, предводени од дезертерот Ковачевски може имаат ужасно ниска реализација на капитални инвестиции, ама затоа се махери за луксузирање. Оттука македонската економија пропаѓа, а народот тоне во сиромаштија. Ги имаме убедливо најлошите параметри на Балканот, најниска стапка на странски инвестиции, најниска стапка на раст на БДП, највисока инфлација, половина милион граѓани во сиромаштија и рекорден износ на задолжување.

Но Владата мува не ја лази што народот нема за леб, штом СОЗР набавува октоподи за министрите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ – стои во соопшението.

Прочитајте повеќе на линковите во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три…

Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа…

Мицкоски си најде оправдување: Нема да има…

На претстојните локални избори кои треба да…

ПОЛА МИЛИЈАРДА ВО ЏЕБ НА ЕДНА ФИРМА!…

34 милиони и 220 илјади денари ќе…

(Документи) 24 МИЛИОНИ ЗА МИЦКОСКИ ДА СЕ…

ДВАЕСЕТ МИЛИОНИ денари Владата ќе плаќа за…

Тренчевска: Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ го премолчија однесувањето…

Се уште одзвонуват во јавноста зборовите на…