ДПМНЕ ја претвори МНАВ во приватна партиска филијала
Во државата на ДПМНЕ, ни небото не е безбедно од партизацијата која ја спроведуваат секој ден. Институцијата што ја гарантира безбедноста на секој авион што влегува и излегува од македонското небо, М-НАВ, денес е партиска испостава полна со роднини, пријатели и верни војници на партијата.
Прво таму се вработува Атанас Стамнов, човек од Патриотскиот институт на ДПМНЕ, без никакво релевантно искуство во воздушниот сообраќај. Неговата сопруга е Анита Стамнова, директорка на Централниот регистар, што значи дека целото семејство е соодветно вдомено.
Потоа, братот на претседателот на управниот одбор, Владимир Ристовски, е исто така внатре во партиската шема, активен член на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Карпош. Неговиот брат, Александар Ристовски, неодамна е унапреден во М-НАВ.
Понатаму, Горан Јандреовски е член на Надзорниот одбор поставен од ДПМНЕ кој е запаметен во Црна Гора како „најлош менаџер”. Овој пат, наместо бизнис, под негова сенка е воздушниот сообраќај на Македонија.
Ова е опасна игра на ДПМНЕ со безбедноста на патниците. Секој полет и секое слетување сега минува низ систем каде врските и фамилијарните линии се поважни од знаењето и стручноста. ДПМНЕ го претвора управувањето со небото во ризична партиска авантура.
СДСМ предупредува уште еднаш, итно да се запрат сите овие ваботувања и промоции и да се уважат барањата на синдикатот со цел професионализација на институцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДПМНЕ ја претвори МНАВ во приватна партиска…
Во државата на ДПМНЕ, ни небото не…
Нов биланс од престрелката во Тетово:Еден загинат,…
Денеска (10.08.2025) во СВР Тетово било пријавено…
Македонија на дното! Кои земји имаат највисоки…
Милиони работници низ ЕУ продолжуваат да заработуваат…
Белата куќа размислува да го повика Зеленски…
Белата куќа размислува да го повика украинскиот…
(Фото+Видео) Еве како изгледа Тетово по грозоморното…
Полицијата врши увид на лице место околу…