ДПТМ: Успеавме да го зачуваме постоењето на единствената турска општина во државата – Центра Жупа има градоначалник Турчин

t

„И покрај бојкотот, провокациите, клеветите и обвинувањата на опозициската страна, нашиот огранок и нашите членови дејствувајќи со национална свест, успеаја да го зачуваат постоењето на единствената турска општина во нашата земја, а Демократска Партија на Турците на Македонија уште еднаш остави свој белег во Центар Жупа“, соопшти денеска ДПТМ упатувајќи благодарност до сите жители што се собраа да бидат присутни во Општината за денот на гласањето и на избори да му дадат легитимитет на градоначалникот Аријан Ибраим.

„Опозициската ДНЕТ која предлагаше кандидати на двата претходни избори, вчера ги бојкотираше изборите и не предложи кандидат. Одлуката за бојкот на опозициската страна беше спречена со посветените и големите напори на нашиот огранок, како и од народот и изборниот процес заврши успешно“, велат од партијата од каде истовремено го поздравуваат гестот на Димитар Ковачевски во Центар Жупа да ја прослави победата на Ибраим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ