Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин вечерва на „Карпошово културно лето“

t

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, го најави почетокот на Карпошовото културно лето, кое годинава ќе се одржи традиционално по 15-ти пат.

Секоја вечер незаборавна забава со Андријана Јаневска, Драган Мијалковски, Џон Илија Апелгрин, Леб и Сол, Кокан Димушевски, Силви Бенд, Бенд Вертиго, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Филип Шурбевски и Егзија квартет, Христијан Проданов, Јасмин Алиевски, Аматерски женски хор „Фрида од Македонија“…

– Оваа културно-уметничка манифестација, ќе трае од 19-ти до 27-ми август. За оваа намена, општината издвои средства во висина од 2.500.000 денари. На овогодинешното Карпошово културно лето, кое започнува в понеделник, ќе настапат национален џез оркестар, гудачки оркестар и Радио Бубамара со солистите Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп-Анкова и Драган Мијалковски, кои ќе бидат дел од македонскиот музички времеплов, рече Јакимовски.

Оваа година, плоштадот Делфина во Влае, девет дена ќе биде резервиран за незаборавна забава на која ќе настапуваат уметници, солисти, музичари, а ќе има програма и за најмладата публика. Првиот човек на општината ги покани сите граѓани на Карпош и пошироко.

– Ги повикувам карпошани, како и граѓаните од другите општини, да присуствуваат на овие вечери, да се дружиме и забавуваме, малку да се релаксираме, заврши градоначалникот.

Локалната самоуправа го насочи фокусот кон македонската културна сцена, каде во рамки на овогодинешното јубилејно Карпошово културно лето, ќе настапуваат само домашни музичари, уметници и актери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Џон Илија Апелгрин…

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, го…

Путин сега е во позиција за која…

Украина го стави Владимир Путин „во позиција…

„Главната цел е целосна рамноправност“, Бектеши објасни…

Крешник Бектеши од ДУИ во студиото на…

Тошковски позитивен коронавирус

Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар…