Драматична изјава на Кулеба: „Нашата задача не е да претвориме орка во елф, туку да ја изгасиме оваа агресија”

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави дека ниту еден европски лидер, освен францускиот претседател Емануел Макрон, не го покренува прашањето за безбедносните гаранции за Русија.
Кулеба оцени дека партнерите на Украина мора да разберат дека суштината на Русија нема да се промени без разлика на владата, пренесува „Танјуг“.
Шефот на украинската дипломатија смета дека сега е важно да се надмине наративот дека Русија може да се претвори во либерална, демократска земја. Според Кулеба, Русија е таква каква што е, а тоа треба да го сфатат и другите.
„Нашата задача не е да претвориме орка во елф, туку да ја изгасиме оваа агресија. И да се создадат услови под кои проширувањето на Русија ќе стане невозможно“, рече Кулеба.
Според неговото мислење, Русија од агресивно-авторитарна држава треба да се претвори во авторитарна, конзервативна држава.
„Треба да се турнат во нивните граници и да се заклучат. Нека живеат со својот крал-татко, само никого нека не напаѓаат“, рече Кулеба.
Францускиот претседател Емануел Макрон на 3 декември рече дека Русија треба да добие „гаранции за сопствената безбедност“ за време на дипломатските преговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја повика Русија да го прифати…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија…
Путин му одговори на Трамп: Животот на…
Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот…
Руте повика на нормализација на односите со…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…
Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе…
Членството на Украина во НАТО повеќе не…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…