Драматично предупредување на Брнабиќ: Курти нè донесе на раб на војна!

Албин Курти нè доведе до работ на војна и тоа не го направи сам, изјави премиерката на Србија Ана Брнабиќ на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
„Денес имате ваков ден, убав ден, нешто на што работиме повеќе од две години, воведување на директен лет на нашиот авиопревозник со Пекинг. И имаш ситуација некој во Приштина да те врати не во 19, туку во 18 век. Имаме инвеститори, работни места, се повеќе млади луѓе кои се враќаат од дијаспората, а некој постојано ве враќа во 18 век. И мислам дека се што направи Курти е опасност не само за Србите, туку и за Албанците, за цела Европа и дека тоа е политика на 19 век“, рече Брнабиќ.
Таа истакна дека Курти ги довел на работ на војна и дека тоа не го направил сам.
„Имате КФОР и ЕУЛЕКС кои не си ја вршат работата. Тие не ги штитат Србите на Косово и Метохија. Сега секојдневно гледаме прекршување на кумановскиот и бриселскиот договор. Затоа сме многу блиску до тоа, Вучиќ денеска ќе даде повеќе информации, да побараме враќање на нашите сили на Косово и Метохија“, рече Брнабиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Белгија планира да испрати затвореници во Косово
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…
Не сме дел од никаква група за…