Драма во Кисела Вода: Ја држел затворена и сакал да ѝ ги земе имотот и парите на старата соседка

t

55-годишен скопјанец е уапсен поради што ја измамил 77-годишната соседка со здравствени проблеми, а притоа ја држел затворена во домот.

– На 01.08.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(55) од Скопје, постапувајќи по пријава според која тој, прикажувајќи ѝ лажни факти на неговата 77-годишна сосетка, која имала здравствени проблеми и за која требало да се грижи, ја довел во заблуда и ја измамил да потпише лист со текст за наводна купопродажба на имотот, кој во суштина претставувал договор за солемнизација на целиот имот и банкарските сметки, со цел да ги префрли на свое име и да се стекне со противправна имотна корист, додека ја држел затворена во нејзиниот дом, информираа од полицијата.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…