Драма во Тетово: Избоден вработен во кафуле
Вработен во тетовски кафе бар вчера навечер бил избоден од сограѓанин околу 19 часот, а полицијата за час и половина успела да го најде и приведе осомниченито напаѓач. Инцидентот се случил во кафе бар на улицата „ЈНА“.
-Во 20 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 24-годишник кој околу 19 часот во угостителски објект на улица „ЈНА“ во Тетово со остар предмет му нанел повреди на 28 годишник инаку вработен во кафе барот. Повредениот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
При увидот кој го извршила извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово што бил пронајден и предметот за кој постои сомнение дека бил употребен во угостителскиот објект.
-За приведениот по целосно документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок со кој денескаќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, информираше полицискиот портпарол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…