Драма во Хрватска: Гори познат хотел во Истра, гостите итно евакуирани
Еден од најпознатите хотели во Хрватска, „Мулино“, се запали утрово. Пожарникарите го ставија под контрола, но и натаму не е локализиран, пренесува „Индекс“.
Според началникот на противпожарната служба Дино Козлевац, пожарот избувнал околу девет часот и го зафатил покривот на хотелот, а во неговото гасење биле вклучени 45 пожарникари и 20 возила.
На местото на настанот се наоѓаат членови на јавните противпожарни единици од Умаг, Бузет, Пореч и Пула, како и членови на доброволните противпожарни единици од областа Бује.
„Заедно со нашите сили, пристигнаа и екипи на ДВД од Сечовље и членови на противпожарната бригада од Копер“, рече Козлевац, додавајќи дека ова била тешка интервенција.
Гостите на хотелот беа евакуирани откако избувна пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма во Хрватска: Гори познат хотел во…
Еден од најпознатите хотели во Хрватска, „Мулино“,…
Алиу најави онлајн регистар на работници во…
„Кога ќе кажеме дека ќе се зајакне…
Мицкоски на самитот на лидерите во Тирана:…
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Тирана, Албанија,…
Бугарија итно купува 7 радари за 195…
Бугарија побрза и итно ја започна постапката…
Адем Чучуљ едногласно предложен за нов претседател…
Генералниот секретар на Државната комисија за спречување…