Драма над македонското небо: Авион со доцнење полета од Охрид, стаса до Ниш и повторно се врати
Вистинска драма се случи денеска над небото на Македонија, дознава ТВ21. Авион со 180 патници полетал од охридскиот аеродром со еден час доцнење, а крајната дестинација бил Фридрихсхафен, јужна Германија. Но, непосредно пред Ниш, Србија, авионот почнува да ја намалува висината и брзината, сврте десно и повторно се врати во Македонија.
ТВ21 имаше пристап до надзорот на летот. Според статистичките податоци, авионот на WizzAir се спушта од 6.400 метри на 2.477 метри височина.
„Авионот правеше чудни маневри. Ова не ми е прв пат во авион. Не добивме објаснување што точно се случило. Други ми рекоа дека е технички проблем“, вели патник.
Станува збор за авион Ербас А320-232. Тој остана во воздух повеќе од два часа.
ТВ21 ја продолжува истрагата за причините за овој инцидент, во соработка со надлежните од М-НАВ како и со компанијата сопственик на авионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бог да чува: Млад човек се пробол…
Вистинска драма се случувала во кафеана во…
ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…
Едно лице загина, а други се повредени…
Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…
Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…
(Видео) Нова драма со авион на „Боинг“:…
Авионот „Боинг 737-800“, кој летал за Хјустон,…
Турција се подготвува за првиот лет на…
Анкара – Турција се подготвува да ја заврши…