Драма на небото: Откажал моторот од авионот на Владимир Путин
Претседателот на Русија Владимир Путин на средба со претставници на воздухопловната индустрија раскажа како во една прилика птица го „исклучила“ моторот на неговиот претседателски авион.
Се сеќавам кога се случи, бевме во авион со два мотори. Птицата паднала во моторот и тој се исклучил. Го прашувам пилотот: „Што ќе правиме?“. Ми вели „Ќе се снајдеме, ќе издржи“, на што му реков: „Можеби е подобро да се вратиш и да слеташ“. На крајот слетавме, најважно е секогаш работите да ги правиме безбедно – рече Путин.
Путин зборуваше и за ситуацијата со неговиот претседателски хеликоптер.
Навистина ни беше важно да стигнеме таму каде што одиме. Јас веќе бев претседател, а пилотот рече: „Јас сум командант на авионот и јас ја носам одлуката. Нема да летам“, се сврте и излезе од хеликоптерот. Тоа е исклучително важна работа. Не само вашиот живот, туку и животите на десетици луѓе се во ваши раце – рече Путин.
Тој додаде дека Русија ќе продолжи да ја поддржува сопствената воздухопловна индустрија и дека ќе излезе на меѓународните пазари со домашни авиони,пренесе Новости.рс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…