Драма на Скијатос: Триесетина српски туристи цел ден се заробени на траект

t

Група од триесетина српски туристи цел ден е заробена на траект што пловел од Скијатос до Волос, но не може да се укотви поради силното невреме кое ја зафати Грција. Станува збор за патници кои заминале на одмор во индивидуални аранжмани. Информацијата за „blic.rs“ ја потврди и директорот на Националната асоцијација на туристички агенции (Јута) Александар Сеничиќ.

„Добив порака од индивидуални патници кои тргнаа од Скијатос за Волос и тие се на бродот веќе цел ден. Последната информација што ја имам е дека на траектот има триесетина Срби. Станува збор за индивидуални патници кои во своја режија заминале на одмор и не ги слушале предупредувањата да не се движат никаде поради невремето, сега се заглавени на тој траект“, изјави Сеничиќ за „Блиц“.

Тој рече дека можно е траектот да биде однесен до пристаништето во Солун, бидејќи моментално е невозможно приклучување во Волос.

„Верувам дека ќе ги однесат во Солун, претпоставувам дека тоа е единствениот начин, бидејќи Солун е сепак големо пристаниште. Луѓето мора да сфатат дека тоа се вонредни околности и дека не треба да бидат херои, туку да чекаат да помине невремето. Ќе помине за ден-два и потоа ќе можеме да разговараме како и на кој начин ќе се вратат“, рече Сеничиќ.

Поради силното невреме, полицијата во Грција го забрани сообраќајот во градот Волос, блискиот планински регион Пелион и островот Скијатос каде наврна рекордна количина дожд. Туристичката агенција Атлантик за телевизија Блиц изјави дека во областа Пилион имаат 62 патници кои престојуваат во неколку одморалишта.

Грчката цивилна заштита од утрово издаде трето предупредување за населението кое живее во областа на олимпискиот регион. Се предупредуваат граѓаните да останат дома во следните 24 часа поради опасност од невреме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Груевски за поплавите во Стајковци: Плачот на…

*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски…

Уапсените Срби во Косово одат во притвор

На петмината уапсени Срби од Пасјан кои…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Четворица Срби уапсени во Косово: Остра реакција…

Канцеларијата за Косово и Метохија потврди дека…