Драма по објавените пораки за Пулс: УЈП не било виновно за пожарот, по заканата на родителите за протести и блокади Кривичен најави дека ќе има оцена на делото до крајот на неделата
Дали ОЈО Кочани води предистрага за инспекторите од УЈП, кои го предупредувале газдата на Пулс, Дејан Јованов-Деко за контроли во замена за подароци и резервации е прашањето кое се отвора откако Истражувачката репортерска лабораторија објави сторија со досега необјавени снимки и документи од истрагата за трагедијата во дискотеката на смртта.
Истражувањето објави текстуални разговори кои упатуваат дека сопствениците на дискотеката однапред биле предупредувани од инспектори за претстојни контроли, а дел од инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, дури примале и скапи подароци за возврат, меѓу кои биле и часовник. Според истражувањето, еден од потенцијално осомничените е во роднински врски со в.д претседателката на Кривичниот суд во Скопје.
Од Обвинителството пак, без конкретни детали тврдат дека сите наведени докази во сторијата на ИРЛ ги имаат предвид, вршат проверки и се постапува по нив.
ОЈО РСМ
“Законските надлежности на УЈП се однесуваат на контроли за даночни и финансиски прашања, а не на безбедносни аспекти, па од тие причини тие не беа опфатени со поднесеното обвинение. Потврда дека не постои ниту најмала намера овој аспект да се прикрие или да остане неистражен е фактот што презентираната комуникација е дел од извештај на анализирана телефонска комуникација, кој во целост е доставен во Судот како дел од доказниот материјал за поднесеното обвинение. Во конкретниот случај, споменатото лице не е опфатено со постапката која се води пред Основниот кривичен суд Скопје. “
Индициите за нови инволвирани, но и за спрега меѓу институциите и газдата на импровизираната дискотека – повод и за политички обвинувања и контра обвинувања.
А се разбуди ли Кривичен по дадениот рок од родителите на загинатите деца? Од таму најавија оцена на обвинителниот акт до крајот на неделата. Случајност или не?! Но, токму во саботата, на последниот марш за ангелите родителите на жртвите нагласија дека нивното трпение во барањето правда е при крај и доколку до петок не ги добијат бараните одговори од правосудните органи, тогаш мирните маршеви ќе преминат во протести и блокирање на институциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма по објавените пораки за Пулс: УЈП…
Дали ОЈО Кочани води предистрага за инспекторите…
ИРЛ: Обвинителството шест месеци има докази за…
Обвинителството веќе шест месеци располага со докази…
Уапсени двајца млади од Трубарево, палеле кабли-мабли…
Двајца жители на скопското село Трубарево се…
Непостапувањето за Росица ќе влезе во предистрага…
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција…
Додик се предомисли: Неговата партија оди на…
Политичката партија предводена од Милорад Додик сепак…